
Plasma Art
Индустриска примена
на плазма
технологија
на сечење метал
Дејан Дренков
Дипломиран машински инженер
Работен ангажман: Леви-Терм Кавадарци
email:dejandrenkov@hotmail.com

Обновено на ден: 09.05.2018
МЕНИ
Општи наводи
Иако Плазма технологијата во споредба со Ласерската и Water Jet е поприлично лимитирана , сепак може ефикасно да се користи во индустрискиот дизајн.Бенефитот е голем како и опсегот на примена.
Овој сајт има за цел да ја афирмира примената на плазма технологијата во дизајнот на производи, градежништво и други гранки во металната индустрија.
Моето долгогодишно искуство на примена на оваа технологија во производството, како и работа на разни надворешни проекти укажува на тоа дека и покрај тоа што е позната кај нас, оваа технологија иако има да понуди нов квалитет во производството, особено во поглед на економичност во искористување на материјалот, сепак се заобиколува.

Креирање орнаменти
Креирањето на орнаменти со плазма постапка е една од можностите за декорација при дизајнирање на производот од метал. Во пракса сум користел следен тип на орнаментика:
-
Орнамент во рамнина
-
Орнамент во две паралелни рамнини (дводелен)
-
Орнамент во три паралелни рамнини (троделен)
Орнамент во рамнина
Орнаментите во рамнина се всушност креирање на украсен дизајн на самиот материјал од елементот со одземање на дел од материјалот од него. Треба да се внимава на тоа да самиот дизајн не предизвика изобличување на материјалот што зависи од дебелината на материјалот и од растојанието на засебните шари во целина. Сепак треба да се има на ум дека станува збор за термичка постапка која го изложува материјалот на високи температури, а челикот соодветно реагира на нив со напрегање на материјалот поради температурно оптеретување кое може да резултира со лачно искривување на елементот кој се обработува.

(кликни на сликата за pop-up приказ)
![]() Печка на дрво "DORINA"Орнамент во рамнина | ![]() "Dorina"-ПлотнаОрнамент во рамнина |
---|---|
![]() "Mystic"- ПлотнаОрнамент во рамнина | ![]() Печка на дрво "Mystic"Орнамент во рамнина |
![]() Печка на дрво "Pearl"Орнамент во рамнина | ![]() "Pearl" панелДекоративен панел со орнамент |
![]() Котел "Hippo"Орнамент во рамнина |
Орнамент во две паралелни рамнини
Орнамент во две паралелни рамнини е всушност комбинација од орнамент-шара на материјалот како позадина или само полн материјал, и орнамент како засебен елемент кој се поставува над орнаментот-шара или материјалот во позадина. Со ваквото комбинирање се постигнува просторен ефект на орнаментот.
При формирање на ваквиот тип на орнаменти, се осмислува начинот на нивно спојување меѓусебно, за да заварувањето биде невидливо (прикриено) ако се одлучиме на ваква постапка на спојување.

(кликни на сликата за pop-up приказ)
![]() Орнамент просторенОрнамент во две паралелни рамнини | ![]() Орнамент просторенОрнамент во две паралелни рамнини |
---|
Орнамент во три паралелни рамнини
Орнаментот во три паралелни рамнини претставува надоградување на просторниот во две со уште еден орнамент над постоечкиот просторен со што се постигнува побогат просторен впечаток на дизајнот.
При формирање на ваквиот тип на орнаменти, ако се одлучиме на спојување со заварување, спојот на сите елементи на орнаментот треба да е невидлив (прикриен).
![]() Орнамент просторенОрнамент во три паралелни рамнини |
---|
