top of page

Идејни проекти

Ограда за двор

 

 

Во дадениот предлог проект, плазмата може да се искористи за формирање на панелите за ограда, овален портал, врата, орнаменти за панелите и за столбчињата.

Панелите би биле од челичен лим, како и орнаментите кои имаат и дизајнерска улога но и укрутувачка. Истите би се сместиле во рамови од профили.

Приказот е само како идеја за тоа што може да се постигне со помош на декоративни панели кои би се произвеле со плазма.

Орнаментите, дезенот на шара, може да се избере и оформи по желба.

Спојните елементи на панелот за столбчето е исто така декоративно оформен.

Овој проект е изводлив со оглед на искуството кое го стекнавме при формирањето на амбиенталните панели за дискотеката Акрополис во Неготино

(кликни на сликата за pop-up приказ)

Галеријата е приказ на поедини склопови во 3D. На тој начин имаме пореалистична претстава за изгледот на изведбата

Ograda

Клупа

 

 

Стандардниот изглед на клупа во парк или двор е клупа изработена со цевни профили кои се обликувани со виткање. Но клупата може да се изработи и на поинаков начин. Во конкретниот случај, би се изработила од челичен лим на кој би дизајнирале орнаменти. Изработката е едноставна, и потребно е пократко време за финализација на дизајнот. Оваа варијанта е со дрвена подлога за седење.

Предност е што можеме да ја оформиме со украси и соодветна боја да се вклопи во содржините на просторот каде би ја поставиле.

(кликни на сликата за pop-up приказ)

Klupa

© 2018 by Dejan Drenkov / Mechanical Engineering.

  • White Facebook Icon
  • YouTube - White Circle
bottom of page