top of page

Реализирани проекти

Akropolis

Дискотека  АКРОПОЛИС - Неготино

 

 

Еден од реализираните проекти кои се покарактеристични за примена на плазма во различни изведби е декоративното-амбиентално решение за дискотеката Акрополис-Неготино.

Решението до кое дојдовме е да се исечат различни панели од челилен лим со дебелина 3мм, и тие да се искористат за покривање на столбовите во објектот, за огради, огради на скалила и прегради. На позадината да се постави плексиглас, а во просторот што остануваше меѓу ѕид и вака формираните панели, да се постави осветлување со соодветен колорит.

Проектиравме соодветна шара, ја поставивме на панели кои беа со димензии соодветни на површините кои требаше да се покријат со нив Направивме кројни шеми кои ги искористивме за CNC програм за плазмата и ги исековме истите.

Беа поставени на соодветни челични рамки во кои подоцна се сместуваше и плексиглас-бел и со тоа панелите беа спремни за монтажа.  

(кликни на сликата за pop-up приказ)

За постигнатиот резултат погледни ја галеријата на слики во кои може да се види амбиенталниот ефект кој е постигнат за време на работа на дискотеката. Осветлувачкиот ефект зависи од типот на осветлувањето кое се користи зад панелот. Можни се разни варијации од фиксни до променливи осветлувачки решенија.

Viking

Печка на пелет  "VIKING"

VIKING

 

Печката на пелет "VIKING", претставува личен проект за сопствена употреба кој е реализиран и функционален неколку сезони. Воедно, ова беше добра можност да ја проверам методологијата за дизајнирање на печки на пелет, а и дизајнерски пристап во поглед на орнаменти кои се тематски одбрани, изработени и применети.

Инаку, иако кај нас релативно од неодамна се применуваат, технологијата ми е позната пред повеќе од една деценија. Нешто и работев на неа.

Од тогаш до сега, се измени ситуацијата во која требаше да се формира производ од овој тип за пазар.Денес имаме пристап до нови типови на материјали и електроника за управување која овозможува компактна изведба и помалку температурни проблеми за решавање во споредба со тогашната ситуација. 

Сите елементи во завршна или припремна-развиена форма се кроени на плазма.

Кога зборуваме за орнаментите, овде имав можност и да најдам соодветни решенија во зависност од ситуацијата за спојување на орнаментите во повеќе рамнини (со намера е украсена со овој тип на орнаменти) во зависност од ситуацијата, за да заварувањето на поедините елементи не биде видливо. 

Овој прототип всушност може да се рангира во група на самостојни камини поради големото огно-отпорно стакло кое го прави видливо речиси цело ложиште. Проектираната максимална моќ е 25 kw. Во галеријата може да се видат прикази како дел од проектирањето а и како тоа изгледа како завршен производ

(кликни на сликата за pop-up приказ)

Кровна метална конструкција "Слога"-Кавадарци

 

Ова е пример каде може да се види бенифитот од комбинирани техники на изведба на метална конструкција во кои се користи и плазмата како метод за сечење на спојните плочи и носечки лежишта. Крајниот резултат е монтажа на конструкцијата за нешто повеќе од еден ден.

Но исто така и самиот процес на производство е олеснет и забрзан.

Формата на плочата, не е само врзана со изгледот туку и со функционалноста и метод на монтажа. Формата се задава така, да ја отсликува положбата на другите елементи кои се во корелација со неа. При производство на склопови нема потреба од постојано мерење. Самата форма дефинира положба. Тоа е од големо значење при формирање на хоризонтални, вертикални, бочни спрегови во склоп. Обично бројот на плочи во една конструкција е голем. Па со формирање на кројни шеми од кои се креира CNC кодот, можете да направите стратегија на кроење со минимален остаток (отпад). Економичноста во искористувањето на материјалот се истакнува по завршување на фазата на производство кога игра значајна улога на делот од инвестицијата за проектот кој останува како профит за компанијата.

Прикажаната конструкција е монтажна, со завртки и навртки. Ако формирате правилен пристап при производството, главно се мисли на точноста на изведбата на елементите и склоповите , ќе останете помалку време на терен за монтажа... помалку трошоци за механизацијата која ја изнајмувате а која ви е потребна а ја немате. Во случајот кој е наведен, и покрај големиот број на споеви со завртки и навртки, не се покажа потреба на корегирање на ниту еден отвор во текот на монтажата. Начинот како ќе ја употребите плазмата во производството, зависи и од типот на конструкцијата. Но во основа останува еден факт: Колку повеќе ја инволвирате односно и најдете примена во изработката, толку повеќе ја зголемувате економичноста и ефикасноста во изведбата.

(кликни на сликата за pop-up приказ)

Sloga
Kanal

Челичен канал за транспорт на абразивен материјал

 

Ова е типичен случај каде плазмата ги покажува своите можности за примена. Станува збор за челичен канал за транспорт на абразивен материјал. Но поради абразивноста, челичниот ѕид треба да биде заштитен со облога која е отпорна на овој ефект. Hardox-от е избор за вакви ситуации. Но тој од друга страна е тежок за обработка. Не се сече на маказа, не се употребува техника на глодање и сл.  Ацетиленското сечење е можно, но за конкретниот случај не е употребливо . Плочите од Hardox треба да имаат прецизна димензија а и места на отвори за завртки поради тоа што облогите треба да се демонтажни односно заменливи. Плазмата се покажува како природен избор затоа што има и точност а и може прецизно и чисто да го сече hardox-от со квалитетен раб.

Некои типови на Hardox имаат особина да реагираат значително на термичкото оптеретување при сечење. Како резултат на тоа, при сечењето има тенденција лачно да се подига од масата. За да не влијае ова на точноста и квалитетот на сечењето, потребно е да се осмисли ладење на површината на таблата која се сече. Со тоа се намалува оваа појава односно Hardox-от е релативно мирен на координатната маса.

(кликни на сликата за pop-up приказ)

© 2018 by Dejan Drenkov / Mechanical Engineering.

  • White Facebook Icon
  • YouTube - White Circle
bottom of page