
Дејан Дренков
Обновено на ден:24.05.2018
Дипломиран машински инженер
Овластување за изведба
од област на машинството
-
email:dejandrenkov@hotmail.com
-
Работен ангажман:
Леви - Терм Кавадарци
-
Работна позиција:
- Конструктор
- Раководител на техничка
подготовка
Активности
(Кликни на сликата за детали)
Софтвер во проектирање
и дизајн
Во проектирањето и дизајнот користам современ софтвер за таа намена. Мојот избор е софтверот од лепезата на AUTODESK. Користам од ист производител и за пресметки, и анализи поради интегрираност на фајловите од разни софтвери што овозможува префрлање од една анализа на друга на ист проектен фајл.
Разработка на проекти за метални конструкции
Во областа на градежништвото, разработувам метални конструкции по проект. Овде спаѓа: Контрола на градежниот проект, генерирање на нацрти, работилнички цртежи, 3D анализа на склопливост, монтажна документација, градежна книга и др. поврзано со реализација.
Поседувам и валидно одобрение за Изведба од облас на машинство кое ми е потребно за оваа активност
Програмирање
-
Во фаза на проектирање
Во фазата на проектирање, често пати се изведуваат комплексни операции на пресметки кои се повторуваат. Мудро е да се креира софтвер за да се пресметуваат овие сегменти на побрз и поедноставен начин:Оптеретување на ветер, на снег, грејни површини на топлиноизменувачи и сл. Мојот избор за оваа намена е Delphi платформата
-
Во фаза на реализација
CNC програмот за машините е продуктот за реализација. Постојат софтвер-преведувачи кои од цртеж (најчесто .dxf фајл) го креираат кодот за машината. Но за да изведете некоја автоматизирана постапка за време на реализацијата, преведувачот може и да не е доволен.
Овде може повторно да се креира софтвер кој креираниот код ќе го превземе, ќе ги внесе дополнителните кодови кои сакаме да ги вметнеме, и ќе го сними кодот како готов за употреба на машината. Ваква постапка да се изведе рачно е просто незамислива во некои ситуации поради големиот број кодни линии кои се во редот на илјадници. Затоа, креираме стратешки, софтверот да ги пронајде во кодот потребните места во линиите, да вметне дополнителен код и да го спакува кодот. На тој начин една ваква комплексна операција може да се изведе со неколку клика.