top of page
pocetok

Разработка на проекти од градежништво

          -   Метални конструкции  -

Фази во разработката на проектот 

  • По​ приемот на градежниот проект, или поточно статиката на градбата која поминала во институтот за земјотресно инженерство, во CAD програм се почнува со разработка од почеток. Проектот се развива во детали. Со тоа се утврдуваат ако постојат недоследности, пристапи кои би ја направиле изведбата тешка или неизводлива, па во соработка со градежниот инженер кој ја проектирал градбата истите се отстрануваат.

       Оваа почетна фаза исто така може да придонесе и за оптимизација на проектот со нови решенија кои не задираат во 

       поминатиот и одобрен концепт за градба од институтот.

  • По расчистување на прелиминарните недоследности, започнува финалната фаза на разработка на проектот кој треба да продуцира производна документација (работилнички цртежи), монтажна (начин на монтирање, постапки, редослед), материјални анализи, градежни книги и сл.​ Од овој момент преку разработката се дефинира и производната стратегија која придонесува за економичност во изведбата. 

        Се одлучува како да се дефинираат склопови, подсклопови, позиции за да процесот на производство биде поефикасен,

        побрз а поквалитетен, со помалку трошоци​, што би требало да резултира со побрза и поквалитента монтажа во

        завршниот дел од реализацијата.

  • Почнува производната постапка за реализација на проектот по претходно утврдена производна стратегија.

  • Завршна фаза по производната-Монтажа по утврдена монтажна стратегија

  • Достава на потребна документација (овластувања, сертификати, градежни книги и сл) кои стануваат дел од проектната финална документација за градбата по приемот на изведените работи

Некои разработени и реализирани проекти

Галеријата е увид на мал дел од разработени и реализирани проекти. Во нивната реализација запазувана е горе наведената поделба и процеси на фази за да се дојде до постигнување на целта на сите инволвирани страни:

  • Градежниците добиваат реализиран проект

  • Изведувачот го афирмира својот пристап и квалитет во реализацијата

  • Инвеститорот добива градба со помала инвестиција која е модерна, функционална и квалитетна

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

Објект:Ресторан-изведба

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

Објект:Ресторан-изведба

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

Објект:Ресторан-изведба

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

В.В. "Кралица Марија" Д.Капија

Објект:Ресторан-проектно

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

Кровни конструкции - Изведба

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

Кровни конструкции - Изведба

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

Кровни конструкции - Изведба

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

Кровни конструкции - Изведба

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

В.Б"Гоце Делчев"-Трстеник

Кровни конструкции - Изведба

"Слога"-Кавадарци

"Слога"-Кавадарци

Ладилници-изведба

"Слога"-Кавадарци

"Слога"-Кавадарци

Ладилници-изведба

"Слога"-Кавадарци

"Слога"-Кавадарци

Ладилници-изведба

"Слога"-Кавадарци

"Слога"-Кавадарци

Ладилници-изведба

"Слога"-Кавадарци

"Слога"-Кавадарци

Ладилници-изведба

(Кликни на сликата за pop-up приказ)

Пристап при учество и во проектирањето 

Најдобра околност од која има голем бенефит инвеститорот е да се утврди проектант и изведувач уште на самиот почеток на инвестицијата, односно кога се утврдува што е потребно и како на крајот треба да изгледа градбата која ја посакува да ја добие. Но во пракса ова не се случува. Евентуално ако се реализира некој проект етапно, во повеќе фази. Тогаш можно е да инвеститорот кој ја започнал реализацијата со еден изведувач, ако е задоволен, да продолжи со истиот изведувач и во останатите фази на проектот. Тогаш се отвора можноста да изведувачот активно учествува и во фазата на проектирање со совети, решенија и сл. Овој вид на соработка е нај ефективен затоа што уште во фазата на подготовка на статиката, паралелно се формира и изведбениот проект. Па кога се праќа статичкиот дел на проектот во институтот за земјотресно инженерство, има и подготвена документација за реализација. Со тоа, штом се добие одобрение, веднаш може да се пристапи со реализацијата.

Користење напреден аналитички софтвер во проектирањето

Во денешно време, кога се бараат модерни архитектонски решенија, кратки рокови на реализација, квалитет и економичност, софтверските решенија не се право на избор туку неопходност. Изборот е за кои софтверски алатки ќе се одлучиме за да ги исполниме барањата и очекувањата. Ги има многу на број. Кај металните конструкции, мојот избор е следен:

  • AutoCAD Mechanical - за разработка на проектот во детали

  • Autodesk Inventor Professional - За финални проверки на концептот на изведба во виртуелна реалност

  • Autodesk Robot Structural Analysis Professional - За статички пресметки и оптимизации

  • Autodesk Simulation CFD - За анализи на влијание на ветерот на конструкција во виртуелен воздушен тунел

  • Autodesk Simulation Mechanical - За детална напонска состојба на некој сегмент од конструкцијата

Подетално ги опишав овие софтверски алатки во делот​ кој го наменив за нив каде и опишав за што и како ги користам во доменот на металните конструкции но и другите проекти.

Креирање наменски софтвер

Креирањето наменски софтвер е добар пристап за скратување на времето на статичките пресметки, утврдување на товарите на конструкцијата и сл. Може да се користи било која софтверска платформа која поседува задоволителен математички апарат и е базно ориентирана. Мојот избор е Delphi платформата. Со неа имам креирано софтврски решенија за пресметка на товари од ветер, од снег, споеви со завртки и навртки, заварени споеви и сл.

Како излез се добива принтана анализа која може да стане составен дел од документацијата.

Товари на кров

Товари на кров

База со материјали за покривање

Пресметка на спојни врски

Пресметка на спојни врски

Товар од Ветер

Товар од Ветер

начелна пресметка

Товар од Ветер

Товар од Ветер

пресметка за тип на кров

Товар од Ветер

Товар од Ветер

влијание на ѕид

Товар од снег

Товар од снег

Начелна пресметка

Товар од снег

Товар од снег

влијание на тип на кров

Заварени споеви

Заварени споеви

Типови

Заварени споеви

Заварени споеви

Калкулација на носење

(Кликни на сликата за pop-up приказ)

realizirano
voproektiranje
softver
namenskisoft

© 2018 Dejan Drenkov, Mechanical Engineering

  • White Facebook Icon
  • YouTube - White Circle
bottom of page