top of page
pocetok

Програмирање

Програмирање

Користењето на некоја платформа за креирање на софтвер е од големо значење за остварување на задачите кои се поставени пред проектантот или реализаторот. Мојот избор е Delphi платформата. Со неа имам креирано софтвер кој го користам за проектирање  и при изведба. За проектирање е компјутерски софтвер кој врши разни видови на калкулации наместо да се прави тоа рачно, а за реализација, софтвер кој го забрзува формирањето на CNC програм, ги надополнува недостатоците на стандардниот машински софтвер кој не ги покрива способностите целосно на машината и сл.

Програмирање за проектирање

Креирање на софтверско решение кое се користи за проектирање значи да се автоматизираат калкулациите кои постојано ги правиме, со што се намалува времето кое е потребно за проектирање. Разни можат да бидат креираните софтвери. За градежништво на пример, тоа би било за пресметка од дополнителни товари, товари од снег, од ветер и сл. по некој стандард. Со тоа и дефинирањето на товари во софтверот кој се користи за статички пресметки, се сведува само на нивно позиционирање и дефинирање на големини.

Во Термотехниката на пример, за калкулација на големина на топлиноизменувачки површини по некој утврден метод, ефекти на зрачењето, величини кои се добиваат при согорување  на некое гориво и сл.

За софтверите има на страниците каде се разгледуваат подетално во примената кај металните конструкции или други примени.

Програмирање за реализација

Програмирањето при реализација служи за забрзување на техничката подготовка, како и за максимализација на искористеност на машините. Не секогаш софтверот со кој се креира CNC кодот е доволен и задоволителен за подготовка и реализацијата на некој проект во задоволителни рамки. Во такви ситуации паметно е да креираме самите софтвер кој ќе го прилагоди машинскиот код на способностите на нашата машина која ја користиме. Какви типови софтвер ќе креираме, ни кажува самата ситуација во која ќе се најдеме при реализацијата.

  • Програмски решенија за надополнување на функционалност на CNC машина

Во оваа група спаѓаат софтверски решенија со кои вметнуваме дополнителен код во веќе креираниот на определени места од истиот со кој изведуваме некои движења или операции со машината кои неможат да се дефинираат со стандарден кодификатор за CNC код. Со тоа, по почетното кодифицирање на dxf фајлот, го процесоираме со овие решенија, и на крај добиваме машински код со кој изведуваме некои специфични операции за да ја искористиме машината максимално во поглед на нејзините можности на примена.

Овде влегуваат и преведувачите на код од еден за друг вид на истородна машина. Се разликуваат подготвителните оперативни кодови за истородните машини од различен тип. Па наместо ист код да се формира за еден па за друг тип на машина, истиот со креиран софтвер со еден клик може да се преведе и веднаш трансферира за соодветната машина

Стандарден toolpath controller

Стандарден toolpath controller

Mach3

SheetCam

SheetCam

Стандарден CNC кодификатор

Софтвер Пирсирање

Софтвер Пирсирање

Се вчитува готовиот стандарден CNC програм

Софтвер Пирсирање

Софтвер Пирсирање

При секоја отсечена контура пирсира, и паузира за да се исчисти местото на пирс од отопен челик

Софтвер Пирсирање

Софтвер Пирсирање

База во која можат да се вметнат утврдени параметри

Софтвер Пирсирање

Софтвер Пирсирање

Снимање на новиот прилагоден код за машината

Софтвер паузирање

Софтвер паузирање

Вметнување на код да по секоја отсечена контура се паузира одредено време

Преведувач

Преведувач

Софтвер за преведување на кодот од еден за друг тип истородна CNC машина

Преведувач

Преведувач

Софтвер за преведување на кодот од еден за друг тип истородна CNC машина

Преведувач

Преведувач

Софтвер за преведување на кодот од еден за друг тип истородна CNC машина

(Кликни на сликата за pop-up приказ)

  • Креирање кодификатори

Во одредени ситуации поради начинот на програмирање на машината, подобро е да се креира кодификатор со кој ќе се формира кодот и истиот префрли во машината или пак се архивира во база. Тоа може да е случај ако некоја машина се програмира преку програмски пулт каде се внесува кодот. Но и поради други околности може да е попаметно да се формира сопствен кодификатор за соодветна машина.

Salvagnini S4

Salvagnini S4

Кодификатор за Salvagnini S4 системот

Salvagnini S4

Salvagnini S4

Програмски интерфејс

Salvagnini S4

Salvagnini S4

База со креирани кодови

Salvagnini S4

Salvagnini S4

База со алати на машината и нивни позициони адреси

Salvagnini P4

Salvagnini P4

Кодификатор за Salvagnini P4 системот

Salvagnini P4

Salvagnini P4

Програмски интерфејс

Salvagnini P4

Salvagnini P4

Програмска кодна подршка

Salvagnini P4

Salvagnini P4

Процесни калкулатори

Salvagnini P4

Salvagnini P4

База со формирани кодови

Кодификатор за едноставни контури

Кодификатор за едноставни контури

(Кликни на сликата за pop-up приказ)

zaProektiranje
zaRealizacija
programiranje

© 2018 Dejan Drenkov, Mechanical Engineering

  • White Facebook Icon
  • YouTube - White Circle
bottom of page