
Софтвер
Софтвер кој користам во проектирање и дизајн
Во секојдневниот професионален ангажман (а и надвор од него) се одлучив да ги користам софтверските решенија од лепезата на AUTODESK. Модерното време, бизнис тековите, бараат и модерен пристап кон дизајнирањето а и изведбата. Неопходност е да се користи соодветен софтвер со што подоцна се отсликува во квалитетот на изведбата, брзината на одговор на барањето и економичноста.
Во делот на дизајнерскиот софтвер кој најчесто го користам ако не и секојдневно се следните решенија:
-
AutoCAD Mechanical (ver.2013)
-
Autodesk Inventor Professional (ver.2012)
-
Autodesk Robot Structural Analysis Professional (ver.2014)
-
Autodesk Simulation CFD (ver.2014)
-
Autodesk Simulation Mechanical (ver.2014)
Со горниот навод на софтвер кој го користам, го покривам она што вообичаено ми е потребно за секојдневното мое делување во областа на техниката, дизајнот и проектирањето. Предноста на користење на софтвер од една компанија е миграцијата на фајлот од еден во друг за следователни анализи кои се потребни.
Понекогаш има потреба и од нешто друго како на пример Autodesk MEP, 3DStudioMax и сл. но во главнина, наводот погоре е доволен за сеопфатна анализа и дизајн.
Начин на користење на некои од наведените софтверски решенија
AutoCAD Mechanical
Зошто AutoCAD Mechanical?
Ова софтверсо решение е прилагодено за она што го работам. Има библиотека со стандардни елементи од машинство, има алатки за почетни анализи и сл. Исто така, прилагоден е да со алатниците, за брзо време се постигне поголем работен ефект. Исклучиво го користам за проектирање или разработка во 2D како што налагаат правилата на техничкото цртање и проектирање. Ова е првата фаза во проектирањето.
Во него исто така се формираат и кројни шеми кои се користат за изведување на материјални листи а и основата од која се формираат CNC програмите за машините инволвирани во реализацијата.
AUTODESK софтверите исклучиво се наменети за работа со компјутерско "глувче". Други евентуални методи засега не се ефективни. Од искуство дојдов до сознание дека најчести типки кои се користат во работата се esc и del. Токму честото користење и ви го одтргнува вниманието од она што го работите. Дојдов до солуција која ја препорачувам: Користење на гејмерско глувче за работа со CAD софтверите. Предноста на ова од класичното глувче е што функциите му се програмабилни. Секоја комбинација се снима во форма на скрипти, па со нивно повикување се менува и функцијата на глувчето. На 3-те дополнителни дугмиња кога работам со Mechanical ми се дефинирани esc, del, и калкулаторот. Останатите класични дугмиња си имаат веќе вообичаена функција во CAD. Со тоа, колку и да звучи нелогично, работата неспоредливо се олеснува и забрзува. Да не спомнувам дека со притисок на типка, се менува тековно функцијата на глувчето, што ви дава голем избор на прилагодување. Во галеријата се дадени секвенци од тоа како и за што го користам AutoCAD Mechanical.

разработка во целина

дефинирање на поедини склопови

формирање позиции

начин на раскројување

начин на раскројување



(Кликни на сликата за pop-up приказ)
Autodesk Inventor
Autodesk Inventor е наредната фаза која следи по разработката. Како 3D софтвер, го користам за проверка на склопливост на механизам или конструкција во целина. Исто ако има движења, истите може да се проверат дали се такви какви треба да бидат.
Она што е дефинирано во AutoCAD Mechanical сега во вистинска големина се формира, прво секој елемент се формира засебно, па склопови, па целосен склоп на конструкција или механизам. Со тоа, ако сме имале превид во првата фаза, овде ќе се покаже. Добрата страна е што овде можеме да добиеме и бројна состојба на поедини склопови, елементи, тежини, тежишта со што ни се поедноставува формирањето на материјални листи, градежни книги, монтажна стратегија и сл. И во рамките на самиот Inventor постои можност да се направат некои напонски анализи на елементите со што проверуваме дали зададените димензии и материјали кои се одбрани задоволуваат.
Со оглед на тоа дека веќе имаме поедини елементи, бројни состојби, склопови, можеме преку инвенторот да формираме и работилнички цртежи за производството. Апликацијата за оваа намена има алатници кои се стандардни операции и обележувања во техничката документација со што се олеснува макотрпната работа на генерирање на документацијата за производство.

Составни елементи на склоп


Поедини склопови во целина

Поедини склопови во целина

Поедини склопови во целина


Бројно и маса по елемент

Бројно и маса по склоп
(Кликни на сликата за pop-up приказ)
Robot Structural Analysis
Robot Structural Analysis е комплексен софтвер со кој се прават статички и сеизмички анализи во градежништвото. Јас го користам за статика и проверка на метални конструкции. Има разни начини за да се внесе целата структура на конструкцијата, се дефинираат профили, се оптимизираат во поглед на товари на снег, ветер, се прави сеизмичка проверка и со тоа се добива верификација на така осмислената конструкција со потребен степен на сигурност.
По утврдување на составот на профилите кои треба да бидат употребени во некоја конструкција, може да се почне со детализација преку AutoCAD Mechanical и проверка со Autodesk Inventor. Инаку овој софтвер може да се користи за верификација на било која и било каква конструкција.
Крајниот резултат е валидност на употребените елементи во однос на условите кои се очекувани и инцидентни за време на животниот век на истата.

почетно дефинирани профили

снег. ветер, комбинации и сл.

верификација за комбинации

максимална искористеност на профил

Верификација на анкери и плочи

дефиниран, верификуван спој
(Кликни на сликата за pop-up приказ)
Autodesk Simulation CFD
Autodesk Simulation CFD претставува софтвер за флуидна анализа. Со поставување на услови на струењето, подготвен модел за анализа на флуиден волумен, може да се анализираат притисоци, брзини,температури, појави во волументо како турбуленција и сл.
Во градежништвото може да се користи како виртуелен воздушен тунел во кој се испитуваат влијанијата на ветерот, во машинството за разни флуидни анализи, како аеродинамичност или проток на флуид во систем.
Нешто повеќе за примената е споменато во делот на конструкции каде Autodesk Simulation CFD се користи за утврдување на влијание на ветерот кај сложена форма на настрешница

моделот е воден волумен

Вектори на брзина и струјници

вектори на брзини и струјници

влијание на воздушен притисок

вектори на брзина и струјници

струјници, вектор на брзини и воздушен притисок
(Кликни на сликата за pop-up приказ)
Autodesk Simulation Mechanical
Autodesk Simulation Meshanical претставува софтвер за анализа на делови, склопови под дејство на статични или динамични товари. Познавајќи ги силите или притисоците кои делуваат на елементот, може да се дојде до увид на распоред на работните напони и степенот на сигурност на елементот. Исто може да се користи и за хармонични анализи со кои се утврдува фрекфенцијата на елементите, сеизмички, температурни оптеретувања и сл.
Како алатка може да се користи за детална анализа при проектирање на некој елемент од склопот.
Има можност и за симулација на движење на еден елемент во однос на друг и следење на промените на напоните кои се јавуваат од заемните дејства.

товари на перфориран носач

напони под дејство на товари

максимални и минимални напони

товари на елемент

степен на сигурност под товари

максимален и минимален фактор на сигурност