
CNC Плазма машина за сечење метал
Карактеристики
Плазма апарати
-
Sol Welding Plasma Cut 130 A
-
CUT 120 A
И кај двата плазма апарати, максималната ампеража која можам да ја користам е 60 А.
Ова од причина што електродите кои можат да се набават на пазар и во двата случаја, имаат максимална моќ на носење оптеретување при работа од 60 А.
Дизни и електроди
Дизни
-
D 1.0- 60 A
-
D 1.4 - 90 A
-
D 1.5 - 90 A
-
D 1.6 - 120 A
Електрода
Стандардна до 60 А
Координатна маса
Плазма апаратот е воден од координатна маса на која се контролираат три координати:
-
X
-
Y
-
Z
Во рамнина: X и Y
По висина на сечната глава: Z




Toolpath controler
Mach 3
Toolpath controler-от е универзален тип. Со
него се контролираат три оски со помош на CNC програм кој е со екстензија .tap .
Нулирањето е со референтна нула. (самите дефинираме која е нултата од каде го спроведува програмот се до наредно дефинирање нова нулта позиција)

Code generator
Sheetcam
Генераторот на код, цртежот, односно кројната шема која сме ја формирале а сакаме да биде исечена ја преведува во CNC код со инструкции за движењата и операциите препознатливи за машината. Цртежот е со екстензија .dxf. Но, не секој dxf фајл е погоден за превод. Цртежот треба да е генериран со некој CAD софтвер кој е наменет за индустриска примена. Од искуство, најпогоден е R12/LT2 DXF форматот. Ако се користи некој графички софтвер, формите преведувачот ќе ги третира како региони, па нема да ги препознава и преведува.
Во истиот генератор дефинирате и параметри на сечење за разни дебелини и материјали па таквите готови дефиниции само ги повикувате при генерирање на кодот.


Галерија
















